Еве што да јадете од овошје и месо кога сте под стрес

186

Иако може да ви звучи неверојатно, но постои храна што може да ве усреќи. Тоа се оние продукти кои го намалуваат стресот, благодарение на нив помалку се грижите, подобро сте расположени и помалку паничите. Ако ги јадете редовно, за седум дена ќе почувствувате промена.

Боровинки

За ова овоошје велат дека е кралица меѓу антистрес намирниците, а само десетина зрна боровинка ќе ви ја обезбедат потребната количина на витамин Ц кој ви е неопходен кога сте под стрес или сте нервозни.

Ореви, бадеми, лешници 

Богати се со цинк и магнезиум кои се одлични во борба против стресот, а витаминот Е што го содржат е одличен оксиданс.

Авокадо

Ова овошје е вистинско мало чудо во борба против стресот бидејќи е богато со витамин Б и калиум, кој го снижува крвниот притисок.

Мисиркино месо

Месото што содржи триптофан, есенцијална аминокиселина чија задача е да му нареди на мозкот да проиведува серотонин, хормон на среќата.

Риба 

Ако јадете риба ќе се чувствуваме добро бидејќи таа содржи витамини Б6 и Б12, кои се најважни за синтеза на серотонин.