Невербална комуникација | Делата зборуваат повеќе отколку зборовите

2860

Кога на другите им ги кажувама нашите чувства, тоа го правиме со невербални сигнали.

Говорот на нашето тело вклучува изрази на лицето, движењата на телото, гестовите, визуелен контакт, тонот на нашиот глас, па дури и мускулната тензија и дишењето.

Начинот на кој гледаме,  слушаме и реагираме на друго лице, кажува многу повеќе за тоа како се чувствуваме од зборовите што ги изговараме. Старата поговорка вели дека “делата зборуваат повеќе од зборовите”, а  и истражувањата го потврдуваат ова.

Кога на пример, она што човек зборува  не е усогласено со она што лицето го прави, сите ќе веруваат пред се, на невербалните знаци. Ние нашите чувства и реакции ги базираме не толку многу на она што другата личност вели, колку на она што таа го прави. Ова се случува затоа што невербални знаци потешко можат да се “одглумат” или излажат.

Истражувањата покажуваат дека се што користиме со цел да се препознаеме дека другата личност не лаже доаѓа од невербалните знаци. Психолошките истражувања ни кажуваат дека само 7% од емотивната смисла на  пораката комуницираме со зборови. Околу 38% комуницираат  со тонот на гласот и 55% невербални знаци како што се јазикот на телото, гестови и фацијална експресија. Всушност, невербалните сигнали создаваат значење на пораката што ја пренесуваме.

Развивање на способноста на разбирање и користење на невербална комуникација може да ви помогне да се поврзете со други луѓе, да го изразите  она што навистина го мислите, да поминете низ тешки ситуации и да изградите подобар однос дома и на работа.

Невербална комуникација можете да ја подобрите со употребата на “отворен” јазик на телото – непрекрстени раце, стоење со отворен став и гледање во очите на лицето со кое што зборувате.

Говор на телото може да се користи за да се потенцира и подобри вербалната порака – со тапшање на пријателот по грбот, додека му делите комплименти за неговите достигнувања.

Како да се подобри невербална комуникација

Прилагодувајте ги вашите невербални знаци на контекстот во кој ги употребувате.
Тонот на гласот, на пример,  треба да биде различен кога ќе разговарате со детето дури и кога се однесува на група возрасни луѓе. Слично на тоа, имајте ја во предвид емоционалната состојба на лицето со кое комуницирате.

Користете ги невербалните знаци во склад со зборовите.
Невербалната комуникација треба да ги зајакне зборовите, а не им противречи. Ако зборувате една работа, а вашето тело покажува друго, лицето со кое зборувате ќе помисли дека сте неискрени. Најочигледен пример би бил дека не може да се каже “не”, додека климате со главата “Да.”

Употребувајте го јазикот на телото за да пренесете позитивни чувства, дури и ако не се чувствувате во тој момент така. Ако сте нервозни поради одредени ситуации во кои се наоѓате (на пример, интервју за работа или важна презентација) можете да  користите позитивен јазик на телото и да  покажете доверба, иако не го чувствувате тоа во тој момент. Наместо да влезете во соба со главата надолу, со свртен поглед и со лизгање во столче,  обидете се да застанете со грбот исправен, да имате насмевка на лицето, гледате во очи и уште цврсто некому рака  да стегнете. Ова ќе ви даде повеќе самодоверба и ќе му овозможи на друго лице да се релаксира.

Совети за подобро толкување на карактерот на невербална комуникација

Вежбајте набљудувајќи ги луѓето на јавни места (во продавница, во автобус, кафуле и гледајќи некои емисии на телевизија со гости во студио и без звук). Набљудувајќи ги другите луѓе како тие го користат јазикот на телото може да ве направи подобар и да ве научат како да ги прифатите и  користите овие знаци во разговор со другите луѓе. Обрнете внимание на тоа како луѓето реагираат едни на други. Обидете се да погодите во каков се меѓусебен однос, за што зборуваат и како се чувствува секој човек кога ја слуша другата личност.

Бидете свесни дека постојат индивидуални разлики. Луѓе од различни земји и култури користат различни гестови во невербална комуникација, па затоа е важно секогаш да се земе во предвид  возраста, културата, религијата, полот и емоционалната состојба  при толкувањето на јазикот на телото на една личност.

Набљудувајте ја невербалната комуникација како група на знаци. Никогаш не обрнувајте премногу внимание на издвоен гест или други невербални знаци. Имајте ги на ум сите знаци кои ги добивате од гледање низ очите преку висина на тоновите до говорот на телото. На секој може да му се случи на момент да ги прекрсти  рацете или погледне настрана. Оценете ја групата знаци за да можете да ја “прочитате” личноста од другата страна.

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk