Одгледајте гениј, интелигентен, културен и способен | Евреите вака ги воспитуваат своите деца!

1629

Дали е ова најмудриот систем на воспитување?

Не постои ниту еден родител кој не сонува неговото дете да биде паметно, убаво, културно, способно … Со еден збор, брилијантно.

Сепак, и покрај многу упатства и совети, сè уште не постои магична формула за воспитување на такво дете. Но, некои се многу блиску до тоа!

Еврејките не се обраќаат на родителски форуми и психолошки текстови, а нивните деца се во повеќе случаи генијалци!

Ова се нивните 10 клучни правила на воспитување:

1. Наградете ја самостојноста

Просечните родители се убедени дека децата можат да успеат во животот, ако тие веруваат дека можат да направат сè. Во еврејските семејства, сосема е вообичаено да видите едногодишно дете само да јаде стек. Тоа е затоа што Евреите им овозможуваат на децата да прават сé сами, веднаш штом ќе станат физички способни тоа да го сторат.

2. Сè е тешко, сè додека не стане лесно

За да станат независни, децата треба да бидат насочени кон нови знаења. Ако детето започне со хоби, родителите треба да го поддржат и охрабруваат. Ако нешто не функционира, Евреите на своите деца им велат дека секој почеток е тежок, а не дека за тоа се мали или дека се неспособни.

3. Довербата е најдобра награда

Треба ли да се наградуваат овие напори? Да, но не со слатки! Во еврејските семејства, детето е наградено со доверба. Ако му е доверена задача со голема доверливост, тоа ќе се обиде и на крај да ја направи како треба.

4. Не е сè во изгледот

Кога европските мајки би виделе како еврејските деца изгледаат при прошетка, би полуделе. Тие често се извалкани со кал, прстите им се лепливи, колената полни со прашина, а копчиња на облеката недостасуваат … Евреите мислат дека за личен развој на детето беспредметно е да им се наметнува секогаш да имаат чиста облека, и така тие, меѓу другото, учат и тоа дека не е сè во изгледот и убавината.

Продолжува на страна 2