Дел за снагата на подарокот од книгата на Дипак Чопра “7 духовни закони на успехот”.
“При средба со некој, можете молчејки да му испратите благослов, да му посакате среќа, радост и многу смеа. Овој начин на тивко дарување поседува многу голема енергија.
Една од корисните работи што ме научија во детството, а ја пренесов и на моите деца – е никогаш да не се влезе во нечија куќа со празни раце, т.е никогаш никому да не се оди без подарок.
Вие можете да си кажете: “Како јас можам да давам нешто на другите, кога во моментот и на мене многу нешта ми недостасуваат?”
♥ Можете да донесете цвет. Еден цвет.
♥ Можете да направите картичка која ќе ги открие вашите чувства кон лицето кај кое сте дошле.
♥ Можете да донесете комплимент.
♥ Можете да донесете молитва ..
Донесете одлука да давате каде и да одите, кого и да сте сретнале. Колку повеќе давате, толку повеќе, благодарение на чудесното влијание на законот на привлечноста, ќе добиете.
А кога Вие повеќе ќе добиете, вашата способност за давање се зголемува.
Нашата вистинска природа – е богатство и изобилство, богати сме од природата, бидејќи природата поддржува секоја наша потреба и желба.
Ние ништо не губиме, бидејќи нашата суштина е – Чист потенцијал и бескрајни можности.”



















