5 природни начини за контрола на шеќерот во крвта

250

Иако може да звучи претерано, балансирањето на нивото на шеќерот во крвта понекогаш може да биде прашање на живот или смрт.

Хроничните и високи нивоа се токсични за телото, ги уништуваат органите и крвните садови и се причина за појава на срцев удар, дијабетес тип 2 , мозочен удар, оштетување на нервите, еректилна дисфункција и други.

Добрата вест е дека има многу храна која може да ја додадете во секојдневниот оброк и по природен пат да му помогнете на телото да го контролира нивото на шеќерот во крвта и инсулинот. Такви се јајцата, јагодите, оцетот. Видете уште што друго е добро да консумирате.

Боровинки

Истражувањата докажале дека секојдневната консумација на боровинки носи широк спектар на здравствени придобивки. Едната од нив е природно контролирање на нивото на шеќерот во крвта.

Мирисните плодови содржат биоактивни состојки, кои можат да ја намалат осетливоста на инсулинот, како и веројатноста од развој на дијабетес кај лица во таков ризик.

Ова е важно, бидејќи потрошувачката на премногу јаглехидрати е причина организмотдасинтетизира премногу инсулин, што по некое време може да доведе до инсулинска резистенција и дијабетес тип 2. Затоа јадете секој ден по една шака боровинки.

Авокадо

Авокадото е богато со мононезаситени масти од видот кој помага за забавување на ослободувањето на шеќери во крвта, што е причина и за помалиот синтеза на инсулин. Додавајте по ¼ авокадо кон салатата, тресе, особено после тренинг. Така плодот ќе ви помогне да се вратите побрзо.

Цимет

Според студија внесувањето на миризлив зачин може да помогне на хепаталните и мускулни клетки да реагираат подобро на инсулинот и на тој начин и да помогне за подобрување губењето на вишокот килограми. Нормалното секретирање на инсулин значи подобра рамнотежа на шеќерот во крвта.

Циметот може да го намали и ризикот од кардиоваскуларни болести , вклучувајќи и висок крвен шеќер и нивото на триглицеридите, лошиот холестерол и вкупниот холестерол. Додавајте секој ден цимет кон вашите пијалоци или јадења.

Манго

Вкусен и сочен плод, кој исто така може да го намали ризикот од пораст на шеќерот во крвта. Секојдневната консумација на 100 грама манго може да помогне за намалување на нивото на шеќерот во крвта кај луѓето кои страдаат од дебелина. Исто така плодот е богат со многу важни витамини и минерали, кои можат да ја подобрат општата здравствена состојба.

Зачини

Зачините се важен дел од секојдневното јадење. Тие ги прават јадењата побогати на вкус, а некои од нив може да помогнат и за контрола на шеќерот во крвта и инсулинот, како и за подобрување на метаболизмот на гликозата. Такви се лутите пиперки, лукот, фенугрикот, куркумата, коријандерот.