Научниците тврдат | Ова се 25 стресни настани во животот кои се причина за Алцхајмерова болест

248

Само едно такво искуство може да биде причина за стареењето на мозокот за дури четири години.

Стресно искуство, како на пример смрт на близок човек, развод или отказ можат да го остарат мозокот до четири години, велат научниците. Тие, всушност, идентификувале 25 настани во животот, кои се толку штетни за мозокот што само еден од нив може да ги оштети сивите клетки, така што подоцна потенцијално може да доведе до болести како што е Алцхајмеровата болест.

Тие оштетувања можат да започнат уште во детството, со проблемите како што се повторување на одделение или исклучување од училиште. Исто така, децата чии родители се борат со пронаоѓање на работа или кои имаат проблеми со дрога или алкохол, исто така, се под катастрофален стрес.

Разводот на родителите, смртта на мајката или таткото, браќата, или на сопственото дете, неверството на брачниот другар или сериозна расправија со него се сметаат за многу стресни настани. Исто така, постојат проблеми со парите, вклучувајќи стечај или отказ, како и загуба на кров над глава како резултат на пожар или поплава.

Научниците веруваат дека тежок стрес води до деменција, но и депресија поради која луѓето се изложени на поголем ризик од деменција.

Д-р Марија Кариљо од Американското здружение за Алцхајмерова болест додава дека со 25 од наведените настани, честите промени на училиште или местото на живеење доволно се трауматично искуство да предизвика штета.

– На здравјето на мозокот, мора да се размислува од раѓање, ако не и пред тоа. На деменција влијаат стресни настани во текот на целиот животен век – рече таа.

Еден тим на научници од Универзитетот во Висконсин собрале податоци од 1320 луѓе со просечна возраст од 58 години на кои им поднеле информации за стресни настани кои ги искусиле во текот на животот, а потоа им ја тестирале меморијата.

По спроведеното истражување, кое беше претставено на Меѓународната конференција на Друштвото за Алцхајмеровата болест во Лондон, заклучиле дека луѓето кои доживеале поголем број на стресни настани имале полоши резултати на тестот.

25 стресни настани од кои нашиот мозок старее

Продолжува на страна 2