Планета X може да го уништи Сончевиот систем | Видео

137

Сончевиот систем може да биде уништен, изненадувачки констатирале шпански и британски научници. За овој процес тие ја обвинија Планета X, која неодмана беше откриена.

Се смета дека таа со гравитацијата има влијание врз големите вселенски тела. Научниците изработија компјутерска програма преку која го разјаснија влијанието на Планета X врз телата кои се наоѓаат зад орбитата на Нептун.

На крајот астрономите дојдоа до заклучок дека некои од нив се нестабилни во времето и може да бидат поместени од Планета X, а потоа и да бидат “исфрлени” од Сончевиот систем. Се разбира, место за паника нема, бидејќи тоа би можело да се случи не порано од десетици милиони години.

Планетата Х најверојатно се наоѓа во соѕвездието Кит, во близина на соѕвездијата Овен и Риби, сметаат научниците од Харвард-Смитсонскиот центар за астрофизика. Податоците се добиени од автоматската меѓупланетарна станица “Ксини”, која го истражува Сатурн, неговите прстени и сателити.

Потенцијалната деветта планета во Сончевиот систем се врти околу Сонцето во проширена орбита и е слична на Земјата чија површина изгледала како пред 15 000 години. Атмосферата на небесното тело се состои од водород и хелиум, а температурата и е еднаква на минус 226 степени Целзиусови . Под гасната обвивка на планетата при минус 63 степени Целзиусови е лоциран слој од воден мраз.

Бонус видео: