Откриена локацијата на легендарната бесценета Килибарна соба!?

127

Познатата Килибарна соба украдена од страна на нацистите од Русија, за време на Втората светска војна, веројатно се крие во бункер во близина на Калининградска област, тврдат полските музеолози.

Кустосот на музејот Вартоломеј Плебанзик верува дека тој открил досега непознати подземни простории кои се пвиле во текот на истражувањата на нацистички бункерски комплекс. Тој смета дека во овие бункери може да се открие руското богатство кое било познато како осмо светско чудо или пак ограбени уметнички дела.

Собата која била со големина три на два метри не се спомнува во ниту студија на комплексните бункери во Вармисно-Maзирското војводство во близина на границата со Калининградскиот простор.

Во текот на 1950 година, командантот на нацистичка Источна Прусија, Ерих Кох за време на неговиот престој во затворот најавил дека во оваа област има скриени бункери. На врвот на нацистичката власт, комплексот имал оклопна тенковска единица, така што ограбеното богатство било безбедно.

Плебанзик сега бара дозвола да ја испита мистериозната соба и да спушти камерата, со цел да се има целосен увид во содржината на собата. Како што е потврдено од страна на локалните медиуми тој во своите истражувања користи георадар, додавајќи дека сепак, мора да чека одобрување на службените лица.

Килибарната соба е направена од килибар, скапоцени камења и злато, дело на германски мајстори, кои во 19-от век ја направиле за прускиот крал Фридрих Први. Подоцна таа му е подарена на Петар Први, кој ја направил како колекција – главен бисер на резиденција на руските цареви во Царское село.

Во текот на Втората светска војна Германците ја префрлиле собата во Кралскиот замок Кенисберг (сега Калининград). Но, пред нападот на градот во пролетта на 1945 година собата исчезнала без трага. Се проценува дека вредноста на овој простор изнесува околу 350 милиони фунти.