Спасување на кожата во текот на зимата

1068

Во зима кожата има потреба од посебна грижа. Студот, ветрот и сувите услови ја прават кожата болно испукана, ронлива и дехидрирана. За да се справите со сите овие проблеми, треба да се погрижите за вашата кожа на посебен начин.

Избегнувајте ги жешките тушеви

Една од најубавите работи кои повеќето од нас ги прават во зима е да се облеат со топол туш. Колку и пријатно да е тоа, тоа не е корисно за кожата. Подобар е тушот со млака вода и по можност нежен и неагресивна сапун.

Навлажнување секој ден, додека самата кожа е влажна

Хидрирањето е рутина која не треба да се заборави. Користете навлажнувачки производи секој ден, додека кожата ви е мокра. Така влагата се задржува најмногу во кожата.

Намачкајте се темелно со мед и маслиново масло

Медот има одлични својства за кожата. Маслиновото масло е моќен хидратант. И двата производа имаат силни антиоксидантни својства. Можете да си направите маски за целото тело со мед и маслиново масло. Ако додадете и малку свежо исцеден лимонов сок, ќе се претвори кожата на лицето во вистинска убавина.

Мијте ја кожата со млеко

Неслучајно Клеопатра се капела со свежо млеко. Можете да правите топла када со мед и млеко во која ќе се раскиснувате како член на кралското семејство барем час. Млекото ја прави кожата мека, млада, еластична и здрава.

Полнете када и со овесна каша

Тоа средство за разубавување на кожата, особено во студени месеци, е древно колку и тоа на Клеопатра. Кашата навлажнува, чисти, а антиоксидантните и воспалителни својства и ја штитат кожата од воспаленија и стареење.

Ексфолирајте

Ексфолијацијата со мед, сол или шеќер е прекрасен начин да ги отстраните мртвите клетки, кои даваат изморен и лош изглед на кожата.

Измешајте 2 лажички сол или шеќер со 1 лажичка мед. Додадете сосема малку вода и промешајте. Потоа нанесете ја смесата на кожата и втријте со кружни движења, за да се отстрани мртвиот слој клетки. Правете го ова 2 пати неделно и вашата кожа ќе блеска дури и во зима.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.