Контрацептивните таблети се ефикасен метод за контрацепција, широко се користат од илјадници жени во светот.
Апчињата антибебе се даваат и за контрола на некои хормонални промени, но најмногу против несакана бременост.
Ако се примаат правилно, тие имаат многу висок процент на заштита. Но, има и некои работи кои можат да го спречат нивниот успех во заштитатата против несакана бременост. Кои се тие?
Заборавате да ја земете пилулата
Ова е најчестата причина за неуспех на контрацепцијата. Пред да ги обвините, размислете дали вие сте виновни за пропустот.
Хормоналните таблети се многу точно дозирани и обично трајноста издржува до земањето на следната таблета. Ако таа не постапи во телото, заштитата паѓа.
Имате воспалителна или хронична болест на желудникот
Некои болести на гастроинтестиналниот тракт можат да го спречат апсорбирањето на апчињата за контрацепција и на тој начин да го ослабат ефектот.
На пример, гастроезофагеалниот рефлукс или т.н. киселини може да предизвикаат неквалитетно разградување на пилулата и да го намалат нејзиното дејство. Ако имате синдром на нервозно дебело црево, исто така треба да му кажете на вашиот лекар, за да одлучите дали е правилно да ви се препишуваат апчиња за контрацепција или треба да се разгледа друг метод на контрацепција.
Апчиња за глава
Некои лекови можат да го намалат ефектот на контрацепцијата, вклучувајќи и лекови против главоболка. Затоа ако сакате да нема непредвидени изненадувања, секогаш прочитајте го упатството на лековите кои ги земате паралелно со пилулата.
Антибиотици
На ист начин антибиотиците можат да го намалат ефектот на контрацептивните таблети. Тие дури можат да ги зајакнат штетните дејствија на хормоналните таблети и да предизвикаат компликации.
Антивирусни и противвоспалителни лекови
Лековите против HIV можат да ја намалат во одреден степен потиснувачката функција на контрацептивни апчиња. Мешањето на антивирусни препарати со контрацепција може да предизвика зголемување на бројот на тромбоцити во крвта, тромб или белодробна емболија. Тоа крие ризик од затнување на важен крвен сад и сите последици од тоа.