За да слабеете без диети, сторете го ова!

1007

Сакате да ja намалите телесната тежина?

Преку глава ви е да почитувате диети, да се приврзувате на посебно мени, броејќи ги преостанатите денови до крајот на диеталниот режим?

Тогаш едноставно немојте! Погледнете што треба да правите секој ден, за да слабеете лесно и брзо!

Пијте вода пред јадење

Секогаш пијте по една чаша вода пред оброк. Ова ќе ви помогне да се пополни дел од стомакот со течност. На овој начин нема да имате место за повеќе храна. Колку помалку храна, толку помалку калории.

Јадете повеќе зеленчук

Наместо да гладувате, само јадете повеќе зеленчук. Тие се богати со растителни влакна, витамини и минерали. Гледајте во секој оброк да присуствуваат најмалку 2-3 зеленчука.Салатите се прекрасен избор.

Наутро можете да ги комбинирате со пченкарен леб и некој протеин пример варено јајце или парче сирење. Така ќе бидете сити дури до ручек.

Навечер е доволна само една салата, за да ви засити, а и за да не внесувате непотребни калории пред спиење.

Изберете ја вистинската комбинација

Често една од најчестите грешки кои го спречуваат слабеењето, е погрешното комбинирање на хранливите материи. Ако јадете само салати, односно јаглехидрати – нема да успеете. Само на протеини пак ризикувате да искомплицирате некои функции на организмот.

Влакната и протеините, на пример, се задолжителни за женското здравје. Ако ги комбинирате во едно јадење, тоа ќе ви даде доволно енергија за уште барем 5 часа, што ќе ве заштити од нагло огладнување пред следниот оброк.

Пратете ги калориите

Броењето на калориите е исклучително досадно, но се свикувате на него. А, и нема како дасе воспостави квалитетна контрола врз внесот на хранливи материи, ако не го пратите на бројот на калориите.

Наместо да се лутите, дека режимот на исхрана не дава резултат, иако сте исклучиле некои видови храна, обидете се да следите колку точно внесувате на ден. Ќе се убедите дека тоа функционира. А, и не бара исклучување на некои омилени деликатеси. Само треба да следите колку од нив сте сте изеле во текот на денот.

Темелно џвакање

Квалитетното соџвакување на храната е многу важно за правилно апсорбирање од организмот. Џвакањето треба да е побавно и свесно. Не џвакајте пред телевизорот, додека работите или додека зборувате по телефон. Така мозокот нема да пријави правилно колку точно храна сте внеле и наскоро ќе огладнете повторно.

Магијата е во порциите

Ако досега сте јаделе големи или нормални порции, сега ќе треба да јадете ¾ од нив. Ова е начинот, ако сакате да јадете од сè без да претерувате, но и без да злоупотребувате.

Тајната на слабеењето без драстични диети вклучува намалување на порциите. Но, не брзајте да паднете во очај – сепак можете да јадете од сè!