Произведен нов кондом потенок и од човечкото влакно

1174

Научниците од Австралија користеле локална бодликава трева во развој на кондом, кој е потенок од човечкото влакно, но и покрај тоа не ја губи цврстината.

Новиот производ може наскоро да го промени верувањето дека кондомите го уништуваат задоволството од сексот.

Специјалисти од Универзитетот на Куинслад користеле како додаток на латексот наноцелулозна материја извадена од австралиската трева од родот Triodia. Основната супстанца која ги подобрува физичките својства на латексот и го прави потенок, здрав и флексибилен.

Австралиските експерти ја нарекува тревата наноцелулоза Светиот Грал за природниот каучук.

Истражувачите се надеваат дека новиот кондом ќе биде за 30 проценти потенок од традиционалните.