Телото нѝ праќа предупредувања | Симптоми кои укажуваат на рак, срцев удар и мозочен удар

467

Нашето тело нѝ кажува многу и покажува кога нешто не е во ред. Сепак, многумина од нас се склони да ги игнорираат знаците и да се надеваат дека не е ништо опасно и дека сѐ ќе пројде само по себе.

Не ја правите оваа грешка. Внимавајте на своето здравје

Конфузијата, вртоглавица, проблемите со говорот, парализа на рацете и нозете, трнење, вкочанетост, особено на едната страна од лицето или телото можат да бидат знаци на мозочен удар

Симптомите зависат од тоа која област на мозокот е зафатена. Ако е зафатено широко подрачје, тоа може да предизвика парализа на едната страна од телото и да ги онеспособи другите функции, како што се говорот и разбирањето. Ако е блокиран долниот дел, парализата може да ги зафати рацете, нозете или лицето.

Болката во градите, раката, вилицата, или вратот, ладно потење, екстремна слабост, гадење, повраќање и „плитко“ дишење се симптоми кои укажуваат на срцев удар.

Чувството на болка во градите, притисокот или органите за варење не се појавуваат кај сите. Постарите жени или луѓе со дијабетес можат да добијат „безболен“ срцев удар. Симптомите можат да вклучуваат слабост, ненадејна вртоглавица, удирање на срцето, отежнато дишење, потење, гадење и повраќање.

Исклучителна чувствителност и болка во листовите, болка во градите, недостаток на воздух и искашлување на крв!

Можно е дека се работи за згрутчување на крвта во ногата, особено ако многу време поминавте седејќи. Ако во ногата се формира згрутчување на крвта може да случи да чувствувате како листот да ви е потечен или чувствителен на допир. Ако имате ненадејна болка во градите, или останувате без здив, можно е дека парче од згрутчената крв преку крвотокот достасал до белите дробови. Ова состојба може да биде опасна по живот.

Крв во урина, но болка не постои

Камењата во бубрезите, инфекциите на мочниот меур или на простатата се вообичаени причини за крв во урината. Сепак овие проблеми се вообичаено придружени со болка. Меѓутоа, кога луѓето ќе забележат крв во урината, но не ја чувствуваат болката често се склони да „почекаат, бидејќи можеби ќе помине само од себе.“ Но, тоа не е во ред, бидејќи отсуството на болка не значи нужно дека не се работи за нешто опасно.

Урината во крвта која не ја следат болки може да укаже на рана фаза на рак на бубрезите, мочниот меур или простатата, па затоа е исклучително важно веднаш да го контактирате вашиот лекар, бидејќи раното откривање на болеста има големо влијание во спречувањето на неговото ширење.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување