Без оглед која цена ќе каже, додадете плус 30%, бидејќи токму ова е една од најчестите лаги кои ги кажуваат.
Лагите им се константа во секој поглед – не зборуваме за оние големи лаги, иако ги има и нив, туку за ние мали слатки лаги кои кажуваат како да се задржи мирот во куќата.
Тоа беше на распродажба
- Без оглед на цената која ќе ви ја каже, додате на неа бар 30%, бидејќи токму ова е една од најчестите лаги што ги кажуваат. Не го правиме ова само заради избегнување разговор за нашето расипништво, туку и за тоа да си ја намалиме грижата на совест за прескапите чевли.
Не сакам ништо
- За Денот на вљубените, за годишнината, роденденот… секогаш сакаме подарок, но се преправаме дека не ни е потребен, па велиме дека “не сакаме ништо”. Ова е тест за нашите момци, а оној што ова сериозно ќе го рабере и на годишнината се појави без подарок, бога ми, тешко нему.
Ти си ми третиот
- Мажите ја преувеличуваат бројката на жени со кои спиеле, а жените ја намалуваат. Ние не сакаме да знаете со колку мажи сме биле, затоа што сметаме дека помалку ќе не почитувате. Ова го правиме заради себе и за мир во куќата.
Ти си ми најдобар
- И најголем. Можеби не лажеме, но големи се шансите дека малку сме ја прилагодиле вистината. Дали сакате да слушнете дека сте трети по квалитет и четврт по големина? Веројатно не.
Не ми пречат твоите поранешни
- Ако се во некоја друга земја и не комуницирате. Повеќето жени велат дека сосема е во ред од време на време да се слушнете со поранешната девојка, и повеќето жени лежат додека тоа го изговараат. Се разбира дека ни пречи – ако е поранешна, нема потреба да се слушате.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















