Ако не сакате непријатен здив, тогаш избегнувајте ги овие намирници

1548

Непријатниот здив не го предизвикуваат само познатите намирници кромид или лук.

Непријатната миризба од устата можат да го предизвикаат дури и некои производи за кои сметаме дека помагаат во освежување на здивот.

На пример, мастиките за жвакање со вкус на ментол. Но еве ги трите најголеми непријатели на здивот:

Црвено месо

Производите кои изобилуваат со протеини најчесто влијаат на лошата миризба во устата. Тоа се случува бидејќи организмот не е во состојба да преработи поголема количина на протеини, па настанува до бавно варење на храната кое резултира со испуштање на токсини во телото. Тие предизвикуваат пак лоша миризба и од устата.

Алкохол

Алкохолот предизвикува дехидрација на телото, а таа се случува и во нашата уста после неколку испиени чаши. Имено, устата ни станува сува и со непријатен здив.

Суво овошје

Сувото (сушено) овошје е полно со шеќер и целулозни влакна кои често се задржуваат меѓу забите и доколку веднаш не се отстранат можат да предизвикаат лоша миризба во устата.