Лаги кои можете да ги употребувате во врската

1348

Искреноста во врската е од огромно значење, но понекогаш треба да кажуваме благородни лаги од една или друга причина.

Мотивите можат да се многу. Чувствата и самодовербата на партнерот се едни од најсилните меѓу нив. Само понекогаш чесноста не е најдобра политика во односите. Кога е целосно ќе простиме ако нè излаже нашиот партнер?

Еве ги зборовите со кои е целосно дозволено да се скрие вистината од најблиските:

“Во право си!”

Да признаеш дека партнерот ти е во право, за да прекине скандал е целосно прифатливо. Тоа дури и не може да се нарече лага во вистинска смисла на зборот. Тоа е повеќе мировен потег кој е важен за спасување на мирот во врската.

“Изгледаш одлично!”

Ова е вистинскиот одговор, кога сакате да го натерате вашиот партнер да се чувствува добро во својата кожа. Понекогаш човек се гледа себеси со мрачен поглед и е повеќе критичен отколку останатите. Затоа е убаво да слушне оваа бела лага, па дури и да мислите дека не е во најдобра кондиција во овој ден.

За да му ја спасите самодовербата можете да го поткрепите со овој комплимент, се разбира не и ако изгледа апсурдно лошо.

Продолжува на страна 2