Направете здрава и вкусна кобинација со ѓумбир, лимон, мед и Горска

189

Потребно

  • 1 мало парче ѓумбир (свеж)
  • 500 мл вода (Горска)
  • 1 голем лимон (исцеден)
  • 4 лажици мед (органски)

Како да се направи

  • Ѓумбирот излупете го и исечкајте го на мали парченца. Водата ставете ја во сад на оган и оставете ја да зоврие.
  • Ставете ги парченцата ѓумбир и варете на тивок оган околу десет минути. Тргнете го садот од оган и оставете го да се олади.
  • Во оладеноиот сок од ѓумбир додадете мед и лимонов сок. Убаво промешајте.
  • Напивката прецедете ја во бокал и послужете. На здравје.