Зајакнете го имунитетот со шумско овошје

138

Шумското овошје изобилува со витамини и иминерали и го подобрува имунитетот. Не ги изоставувајте од вашата трпеза дивите јагоди, боровинки, малини, капинки, рибизли.

Шумското овошје е извор на антиоксиданси, кои не штитат од заболувањата на срцето, ракот и видот. Боровинките содржат најмногу антиоксиданси од другото шумско овошје.

Една мала шолја јаготки содржи целодневна препорачана количина на витаминот Ц. Истражувањата покажале, дека луѓето кои редовно јадат порција јаготка секој ден имаат повеќе витамин Б во крвта, кој ги чисти артериите.

Половина шолја боровинки содржат скоро два грама влакна – скоро како и парче леб од цели житарки. Богати со влакна кои го намалуваат холестеролот се и капинките, малинките и јагодите.

Црно, црвено и бело грозје, се одличен извор на калиум, минерал кој го намалува крвниот притисок.