Стручни совети за постигнување оргазам

1255

Оргазмот може да биде тешка работа. Во еден момент сте на работ до екстаза, а во следниот како магија исчезнува и се молите возбудата да се врати.

Зошто се случува така?

Според експертите неможноста за постигнување на оргазам се должи на различни причини, главните од кои се стресот, загриженоста и недостатокот на самодоверба.

Дури сепак и да не се добие од првиот пат, не се откажувајте, туку работете на прашањето. На помош ви доаѓаат секс експертите со следните совети:

Користете ја фантазијата

Не грижете се, партнерот нема да разбере дека не мислите за него. Практично неодамнешна студија покажа дека повеќе од половина мажи фантазираат за други жени за време на секс со партнерот. Тоа не е неверство, па не се вознемирувајте. Ако имате омилен актер или музичка ѕвезда, замислете дека тој го допира вашето тело и ќе води љубов со вас.

Мастурбирајте

Патот до оргазмот поминува низ себеспознавање, а на сексуален план тоа најбрзо се постигнува, ако го учите сопственото тело и си играте со него. Така ќе дознаете што ве возбудува и ќе ги читате правилно сигналите кои телото ги испраќа. Научно докажано е дека колку повеќе оргазми добивате (дури и сами), толку полесно ќе ви е да достигнете екстаза и со партнер. Телото има мускулна меморија, а и мастурбирањето ги прави жените ослободени и самоуверени.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2