Таа е трета најпреведувана книга на планетата, преведена на повеќе од 250 јазици и дијалекти и се продава во околу два милиони примероци годишно.
Оваа година се навршуваат 115 години од раѓањето на Antoine de Saint-Exupéry, авторот на Малиот принц.
Saint-Exupéry ја напишал оваа книга во 1943. година во моменти кога го мачеле сопствените демони и лошото здравје, но надежите и емоциите што ги донел во приказната за малиот принц кој доаѓа на Земјата од далечна планета ги прикажуваат неговите визии за љубовта, пријателството и заедништвото, романсата, имагинацијата …
Малиот принц е прогласен за најдобра книга на 20. век во Франција, а еве што нé научи:
За децата и возрасните
“Сите возрасни некогаш биле деца… Но само малкумина се сеќаваат на тоа”
“Возрасните сакаат бројки… Кога ќе им кажете дека сте стекнале нов пријател, тие никогаш не прашуваат ништо важно. Не прашуваат – како звучи неговиот глас, какви игри сака… Наместо тоа, прашуваат – колку години има, колку е тежок, колку заработува татко му? И само од тие бројки мислат дека нешто научиле за него”
“Живеев меѓу возрасни. Ги видов лично, одблиску. И тоа не го подобри многу моето мислење за нив”
“Луѓето во воз спијат или зеваат. Само децата го притискаат носот на прозорското стакло, само децата знаат во што гледаат”
За луѓето и Земјата
“Луѓето заземаат многу малку простор на Земјата”
“Многу е потешко да се судите себеси отколку другите. Ако успеете да се осудите себеси, вие сте навистина човек со голема мудрост“
“Ако сé оди само право, никој не може да стигне далеку“
“За патниците, ѕвездите се водичи. За сите останати, тие се само мали светла“
За пријателството
“Луѓето купуваат работи кои ги чекаат готови во продавниците. Но, никаде нема продавница каде што можете да купите пријателство“
За љубовта
“Времето што го изгубивте поради таа роза е она што ја прави важна“
“Само кога гледате со срцето, навистина гледате. Она најважното не се гледа со око“
“Кога ќе скротиш нешто, засекогаш стануваш одговорен за тоа“
За врските
“Тајно е тоа место, земја на солзите“
“Зборовите се извор на недоразбирање“
“Она што ја прави пустината убава е фактот што некаде во себе крие извор“
“Купот од камења престанува да биде куп камења во моментот кога еден единствен човек ќе погледне во него, а во себе ја гледа сликата од катедралата“
“Убава си, но празна. Никој не би сакал да умре за тебе“



















