Овие 20 симптоми премногу често се игнорираат, а можат да бидат опасни | Доколку ги забележите, посетете лекар

1416

Лекарите на Reddit споделија симптоми кои луѓето премногу често ги игнорираат, а зад кои може да се скрие сериозен проблем.

Секое тело е уникатно, па и здравствените проблеми се исто така уникатни, но она што би било сериозен проблем за еден човек е сосема нормално за друг. Лекарите на Reddit споделија знаци кои не треба да се игнорираат и поради кои секогаш е добро да се посети лекар.

1. Ноќна пот

“Ноќно препотување. Не зборувам за тоа што ќе се разбудите малку влажни, туку за тоа дека мора да смените влажни пижами и постелнина. Ако тоа се случува, често може да биде знак за одредени видови на рак поврзани со крвта кои инаку имаат благи симптоми.” предупредува докторот.

2. Често мокрење

Количеството на урина секако варира во зависност од количината на потрошена течност, физичката активност, возраста и низа други фактори, но доколку честото мокрење не престане, добро е да разговарате со вашиот лекар.

3. Постојана надуеност

“Мислам дека и многу луѓе денес се прилично одговорни и реагираат штом се примети нешто. Постарите пациенти се тие кои го игнорираат проблемот и ја одложуваат посетата на лекар”, пишува корисник кој се претставува како британски лекар, и продолжува: „Општо земено, мислам дека постарите жени (во нивните 50-ти и 60-ти години) ја игнорираат надуеноста на абдоменот, а понекогаш тоа може да биде знак за рак на јајниците“.

4. Необјаснети бенки

„Бенки промени на кожата. Односот на луѓе на кои им е дијагностициран рак на кожата е приближно 60: 100.000“, вели австралиски лекар.

5. Столици со необична боја

„Иако оваа листа не е комплетна, ова се работи кои луѓето ги игнорираат, а навистина не требале: – црна столица, бела столица и црвена столица“, вели докторот.

Продолжува на страна 2