Научниците предупредуваат | Земјата за 6 степени потопла до 2100 година

80

Има 10% шанса планетата да биде со 6 степени целзиусови потопла до 2100 година , отколку што е денес, прогнозираат водечки истражувачи за климатските промени, и предупредуваат дека таквото зголемување на температурите би имало “катастрофални” последици за цивилизацијата .

Група од 17 научници и економисти од целиот свет, познати како “Сојуз за Земјата”, издадоа заедничка декларација, повикувајќи да се преземат активности за климатските промени во пресрет на состанокот на ОН во Париз во декември.

Како дел од декларацијата научниците претставаат план од осум точки за помагање на ограничувањето на човековото влијание врз планетата , додека го засилуваат притисокот врз владите да сторат сè што можат за намалувањето на зголемувањето на светската температура до помалку од 2 степени Целзиусови.

“Ние треба да се стремиме да останеме под 2 степени што е можно подолго, бидејќи дури и 2 степени затоплување ќе предизвика значителна штета и разурнувања . Но ние сега одиме кон околу 4 степени затоплување до 2100 година , што би создало своеволен еколошки закани “, се истакнува во соопштението на научниците.

“Ако не дејстуваме сега, има околу 10% ризик да се надминат 6 степени до 2100 година “, предупредуваат тие.

Како дел од други мерки, истражувачката група која ги вклучува добро познатите економисти Џефри Сакс и Лорд Стерн, предупредува дека е потребно да се преземат драстични мерки за да бидат постепено запрени од употреба фосилните горива, и бидат заменети со почисти извори на енергија , како дел од процесот на “длабока дејаглеродизација”.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.