Навиките кои ја истенчуваат косата 2.

1453

Сигурно не можеме да ја промениме косата со која сме се родиле. Ако сме со тенко влакно, тешко ќе ја направиме густа. За жал, спротивниот процес е апсолутно можен.

Некои од основните карактеристики на нашиот начин на живот можат да се одразат катастрофално за фризурата и целокупниот нејзин здрав изглед. Некои од нив ви претставивме во првиот дел .

Ако сакате да ја подобрите состојбата на косата и да го зголемите волуменот, задолжително прекинете и со следниве штетни навики.

Некои од нив сигурно ги практикувате секојдневно.

1. Строга диета

Лишувањето од различни видови храна може да доведе до хормонален колапс во организмот – фактор кој неминовно се одразува и на косата. Често резултатите од неправилната исхрана се истоштена сува и опадната коса. Изградете го вашето мени и не се лишувајте од витамини.

2. Груби сте со косата додека е влажна

Откако ќе ја измиете косата, косата е значително помала и подложена на различни штетни фактори. Дел од причините за опаѓање се грубото чешлање, врзување и стегање. Бидете понежни и внимателни.

3. Користење на многу фиксирачки производи

Силните производи за фиксација на фризурите се добри за стврднување и зачувување на изгледот таков каков што го сакате за подолго време, но на долг рок не се за препорачување.Ако секој ден ставате лак за коса, подобро намалете го степенот на фиксација.

4. Не ја сушите косата со главата надолу

Познатата техника да користите фен со наведната глава е добар начин да се донесе волумен и густина од корените. Ако сушите на стандардниот начин, може да ја залепите косата на скалпот и да ја направите видливо потенка.

5. Ве чеша скалпот

Ако страдате од чешање на кожата на главата, користете или шампон со неколку капки зелен чај, или посетете лекар доколку не почувствувате промена. Без разлика на она на што ќе се обложите, најдобро најдете решение за проблемот, за да не ги оштетите фоликулите и да не предизвикате паѓање на косата.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.