Како разводот влијае на децата кои се премногу мали да се сетат на него? Ако процесот е грд, секако лошо

2685

Малите деца не ги разбираат последиците од разводот, но целосно се способни да доживеат стрес

Немаат сите деца на разведени родители исто искуство. Без оглед каков да бил разводот, тој има различни влијанија врз децата од распаднатиот брак. Разводот на родителите е класично извинување за претпубертетски борби и тинејџерска апатија. Но, како разводот влијае на многу мали деца кои дури и не се сеќаваат на него?

Експертите се согласуваат дека многу мали деца не ги разбираат целосно последиците од разводот, но целосно се способни да доживеат стрес и сите негови развојни импликации. Стресот има свој удел во било кој развоен период. Непријатниот развод може да предизвика стрес на ниво на токсичност. Иако едногодишникот не разбира што значи развод, може целосно да почувствува стрес.

ПОСЛЕДИЦИ НА РАНОТО ИЗЛОЖУВАЊЕ НА СТРЕС

Последиците од раната изложеност на стрес се многубројни. Истражувањата покажале дека особено непријатниот развод може да влијае на здравјето на детето на долг рок. Децата од разорените домови живеат пократко, послаб им е имунитетот во зрелоста, почесто настинуваат. Стресот, а не разводот, е иницијатор за негативниот исход. Една студија од раните деведесетти години покажала дека било кој семеен конфликт, било да заврши со развод или не, силно е поврзан со здравјето подоцна во животот.

Стресот кој се јавува поради непријатниот развод може уште посилно да ги погоди малите деца. Тинејџерите подобро ги разбираат нијансите на односите што може да им помогне во борбата против стресот. Но, помладите деца мислат дека се виновни за разводот на родителите.

КАКО ДА НЕ СЕ СОЗДАДЕ ТРАУМА

Една работа е важно да се напомене, дека разводот, ако родителите се однесуваат одговорно, не мора да биде извор на трауми за ниедно дете, на било која возраст. Како прашањето за развод се решава ја прави најголемата разлика во целокупното здравје и развојот на детето. Многу грд развод кој го става детето во средина му создава голем стрес. Пријателски развод или оној што го ослободува детето од домашни расправии, може да биде позитивен за развојот на детето.

Во односите на разведените родители, како што се оние со семејно насилство или отворена емоционална злоупотреба, влијанието на стресот врз детето е веќе на многу високо ниво. Разводот може да помогне да се создаде постабилна средина со помалку стрес, што може да биде корисно.

Сигурно е и тоа дека многу мали деца се во опасност да страдаат од последиците од непријатниот развод на нивните родители. Родителите можат да избегнуваат такви ситуации со соодветно советување.

Идеално би било советувањето да започне пред да започне процесот на развод и да трае со месеци или една година по завршувањето на постапката.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.