Богатите во САД живеат 15 години повеќе од сиромашните

1365

Најбогатите луѓе во САД имаат можност да живеат со 14,6 години подолго во споредба со сиромашните, се вели во најновата студија, а ја цитира бугарската Нова ТВ.

Американските научници ги истражувале даночните декларации и статистиките за смртност на Здравственото осигурување на САД во периодот меѓу 2001 и 2014 година.

Од анализите станало видливо дека маж на 40 години, кој е дел од процентот на најсиромашни луѓе во САД, има шанси да доживее просек до 72,7 години.

За споредба, оние Американци кои припаѓаат на процентот на најбогатите, можат да живаат во просек околу 87,3 години или 14,6 години повеќе. Просечниот животен век кај жените е повисока, независно од нивната социјална припадност. 40-годишните најсиромашни дами можат да достигнат средна возраст 78,8 години живот. А процент кај најбогатите е 88,9 години, или има разлика од 10 години.

Нееднаквостите во должината на животот според социјалниот статус се продлабочија од 2001 година па наваму, открија научниците. Хавајските острови, државите Мејн и Масачусетс се местата каде најсиромашните мажи и жени се со најголем животен век, а во Аљаска, Вајоминг и Ајова – со најмал.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.