Познатиот физичар, Алберт Ајнштајн, во 1922 година бил на турнеја во Јапонија каде што одржал неколку предавања. Тогаш дознал дека ќе биде номиниран за Нобелова награда за физика.
Во хотелот „Империјал“ во Токио, еден испорачател му донел пратка. Не е познато дали испорачателот добил напојница, во согласност со локалниот обичај, или Ајнштајн немал ситно.
Но, тој не сакал да го остави со празни раце, па на германски му подарил две белешки. „Можеби, ако имате среќа, овие белешки ќе вредат многу повеќе од една напојница“, рекол Ајнштајн. На другата белешка, напишана на лист хартија со логото на Империал хотел, пишувало:
„Тивкиот и смирен живот ќе донесе повеќе среќа отколку потрагата по успех и постојаниот немир што доаѓа со него“.

Овој лист хартија со таа нота продаден е на аукција за 1,56 милиони долари.



















