Домашна алва

602

1-2-3-4 е се што треба да запомните во овој рецепт. Масло-гриз-шеќер-вода. Земете една шолја и почнете да го подготвувате овој вкусен десерт.

Потребно

1 шолја (200 мл) масло
2 шолји гриз
3 шолји шеќер
4 шолји вода
100 гр ситно сецкани бадеми
бадеми/ораси/лешници
малку цимет, по желба

Подготовка

  • Во подлабоко тенџере загрејте го маслото за јадење и во тоа додадете го гризот со постојано мешање со дрвена лажица. Пржете го гризот додека не добие убава златно-жолта боја.
  • Додадете ги бадемите и промешајте ги, за да се тостираат малку.
  • Шеќерот измешајте го со водата и мешајте додека да се растопи.
  • Полека додавајте од сирупот во смесата со гриз. Мешајте и продолжете да готвите се додека целиот сируп не биде апсорбиран од гризот и алвата не почне да клокоти.
  • Оставете малку да се олади и потоа со лажица вадете од алвата и ставете на чинија за послужување.
  • По желба одозгора можете да посипете со сецкани бадеми, ораси, лешници и цимет.