Бебињата знаат кога се гладни

207

Мајките и татковците настојуваат децата да ги ранат според одредена шема, но постои струја лекари кои велат дека тоа е непотребно и често пати стресно за самото бебе.

Експертите сметаат дека доколку детето јаде во интервал од четири часа, се е во ред и нема потреба се да биде точно во минута, само за да цицаат. Треба да ги пуштите сами да се огласат кога се гладни, а не да се хранат по стереотипни шеми.

– Новородените бебиња се попаметни од кој било возрасен човек, вели др. Робин Маден, педијатар од Силвер Спринг, во американската сојузна држава Мериленд.

– Без разлика дали цицаат или се хранат од шише, тие точно знаат кога се гладни, а кога се сити. Затоа треба да ги пуштите сами да го диктираат темпото и така сигурно подобро ќе напредуваат, додаде лекарот.