Делува како вијагра ! Овој зеленчук Римјаните го користеле како афродизијак, а го намалува и ризикот од срцеви заболувања

635

Д-р Мајкл Мозели истакнува дека цвеклото делува слично како и вијаграта, но има ефект и на срцето.

Докажано е дека одредени намирници можат да помогнат кога се во прашање сексуалните активности, а една од нив е и цвеклото.

Докторот Мајкл Мозели истакнува дека овој зеленчук го намалува и ризикот од срцев удар, како и дека делува „потполно исто како и вијаграта“.

Тоа е затоа што им помага на крвните садови да се шират, а со тоа го подобрува протокот во интимните области и го намалува крвниот притисок.

– Бактериите во устата ги претвораат нитратите во азотен оксид. Предизвикува вазодилатација – проширување на вашите крвни садови. Тоа е она што го намалува вашиот крвен притисок и она што го прави, особено кај постарите луѓе, е да им даде поттик за да можат да станат поактивни, објаснува тој.

Исто така, предупредува дека може да го намали ризикот од срцеви заболувања, срцев удар и мозочен удар, како и аневризми, болести на бубрезите и деменција. Претходните истражувања покажале дека пиењето шолја сок од цвекло секој ден ги враќа луѓето со хипертензија во „нормално“.

Цвеклото е богато со фолна киселина, која им помага на клетките да растат и функционираат. Оваа хранлива материја игра клучна улога во контролирањето на оштетувањето на крвните садови, помагајќи да се намали ризикот од срцеви заболувања, срцев удар и мозочен удар.

– Римјаните го користеле како афродизијак, сосема чудно. Механизмот е потполно ист како Виагра. Она што го прави Виагра е што предизвикува ослободување на азотен оксид и проширување на крвните садови, но во главно околу гениталиите, заклучува тој.