Што е вакцина и зошто се појави движењето против вакцинирањето | Се за вакцините

283

ШТО Е ВАКЦИНА? (линк  Vaccine )

Тоа е медицински препарат кој содржи материјал добиен од микроорганизми или нивни делови, обработени на посебен начин со кој се отстрануваат нивните инфективни но не и антигени својства, и служи за имунизација на организмот во кој се внесува. Поттикнатиот имунитет создава антитела кои го неутрализираат микроорганизмот. (линк Inactivated_vaccine )

Според начинот на добивање, вакцините ги разликуваме на:

-добиени од ослабени микроорганизми

-добиени од мртви микроорганизми

-анатоксини (егзотоксин, линк Toxoid )*

-од делови од микроорганизми

-добиени од микробиотски производи

Некои од најважните вакцини се : против сипаници, беснило, тетанус, детска парализа, туберколоза, грип и сл. (Сите вакцини, состав- линк BiologicsBloodVaccines )

*АНАТОКСИНИ се бактериски токсини, чија што токсичност е ослабена или отстранета по пат на хемиско или тополотно делување, со тоа што неговите својства (имуногеност) остануваат сочувани. На пример, анатоксинот за тетанус, се добива од тетаноспазмин од бактеријата Clostridium tetani која е предизвикувачот на тетанусот.

Хемиската дезактивација се врши со Рамон методот (линк Gaston_Ramon ), веќе цел век. Токсинот се третира со 4% раствор од формалдехид на температура од 37 степени Ц, во текот на 30 дена, односно додека отровот да се отстрани целосно. Потоа следат уште низа постапки и процедури за прочистување за да се добие безбедна и чиста вакцина.

ЦЕЛТА НА ВАКЦИНИРАЊЕТО е создавање имунитет на некоја одредена болест. Вакцините се сметаат за најефикасен и најевтин метод за спречување на појава и ширење на инфективни болести.

ИМЕТО на вакцината потекнува од времето на Edward Jenner (линк Edward_Jenner ) кој во 1796 година ја употребил кравјата сипаница за имунизација на луѓето (лат. Variola vaccine, адаптирано од лат.vaccin-us, од vacca, крава). од вариола.

Продолжува на страна 2