Што е вакцина и зошто се појави движењето против вакцинирањето | Сѐ за вакцините

2994

Најстрашната ситуација сепак доаѓа од Америка. Неколку кренк лекари, кои се концентрирале на детските ментални болести, ги издвоиле вакцините како причинител на тие болести (посебно аутизмот). Тие кренкови не се согласуваат ни меѓу самите себеси по прашањето- која точно состојка во вакцините предизвикува аутизам, ниту по механизмот на дејството ниту по начините за терапија. Некои кренкови продаваат посебни диети или различни билни и витамински препарати, додека другите препорачуваат опасни методи кои наводно би ја врзале живата, или пак третман со антихормонски супстанции.

Сепак, заедничко за сите нив е големиот број на следбеници кои делуваат како посебни групи со единствени начела за проповедање против вакцините. Ова секако предизвикува огромно внимание, кое резултира со милиони долари потрошени за епидемиолошки студии и кои покажаа дека вакцините немаат никаква врска со аутизмот!

Развојот на науката денес, а посебно на неврологијата, недвосмислено покажува дека аутизмот е последица на комплексна интеракција на гените со различни фактори од околината, независно од вакцините.
За жал, ни ова не ги поколеба кренковите, кои со различни манипулации успеале да направат фанатично верување меѓу своите следбеници.

Еден кренк Аndrew Wakefield, (линк Andrew_Wakefield ) успеа да објави студија која го поврзуваше аутизмот со вакцините против MMR (морбили,заушки, рубеола) (линк bmj.com/content ). Неговите наоди беа објавени во регуларно научно списание, по што се подигна огромна паника во јавноста, посебно во Англија. Нивото на вакцинација падна за 10-15 % во рок од неколку години (линк yorkshireeveningpost.co.uk ).

Поради тоа што никој не успеа да ги повтори анализите на Wakefield, се направни опсежна анализа на неговата. (линк thestar.com ) Се утврди дека студијата е работена илегално, со лоша методологија, со користење на ултра-сензибилен тест на сосема погрешен начин и дека тој ги игнорирал забелешките од страна на неговиот тим (линк ncbi.nlm.nih.gov ). Со прости зборови, успеал да објави резултати за кои знаел дека не се точни (линк theguardian.com ).

*…Во 2011 година, Ендрју Вејкфилд-водечкиот поборник на една од главните контроверзии во врска со наводната поврзаност на аутизмот со вакцините, беше откриено дека бил финансиски мотивиран да ги фалсификува истражувањата и податоците, а потоа беше лишен и од својата медицинска дозвола…

КОЈ Е ЕНДРЈУ ВЕЈКФИЛД?

Ендрју Вејкфилд Џереми (роден 1957 г) (линк news.bbc.co.uk ) е британски поранешен хирург и медицински истражувач, познат по неговата ГОЛЕМА ИЗМАМА од 1998 година како истражувачки труд за поврзаноста на ММР вакцината (морбили, заушки, рубеола) и појавата на аутизмот и болест на цревата- денес е дискредитиран.

Четири години по објавувањето на неговиот труд, многу други истражувачи не успеаја да ги репродуцираат наодите на Вејкфилд ниту да ја потврдат неговата хипотеза на односот меѓу детското гастроинтестинално нарушување и аутизмот. Истрагата од 2004 г. од страна на Сандеј Тајмс (новинар Brian Deer, линк briandeer.com ) идентификува непознати финансиски конфликти од интерес на Вејкфилд, по што повеќето од неговите ко-автори ја повлекоа нивната дотогашна поддршка. Британскиот Генерален Медицински Совет тогаш спроведе официјална истрага (линк briandeer.com ) според тврдењата за несовесното однесување на Вејкфилд и двајцата негови поранешни колеги (линк briandeer.com ).

Истрагата открила бројни наоди, меѓу кои и оној во кои биле вклучени аутистични деца кои Вејкфилд ги изложувал на непотребни инвазивни медицински процедури, како што се колоноскопија и лумбална пункција, а ваквите дејствија биле извршувани против потребните етички одобренија од страна на Одборот за институционален преглед (независен Етички комитет, линк en.wikipedia.org ), кој официјално е назначен за одобрување, мониторинг и преглед на биомедицински истражувања во кои се вклучени луѓето.

По низа постапки и процеси, утврдени се сите фалсификувани резултати. Откриена е ГОЛЕМАТА ИЗМАМА (ЛИНК briandeer.com ) на Вејкфилд: на грбот на вакцините сакал да профитира од нови медицински тестирања!

Меѓутоа, ШТЕТАТА која ја направи Вејкфилд е огрома: имунизационата стапка во Велика Британија падна од 92% на 73%, а во некои делови од Лондон и сосема ниски, околу 50%. Ефектот во САД можеби и не беше толку драматичен, но и таму се забележува опаѓање: истражувачите проценуваат дека блиску 125 000 деца родени во доцните 1990-ти не ја примиле ММР вакцината, поради заплашувањата на Вејкфилд.

Њујорк Тајмс директно го нападна вака: „Ендрју Вејкфилд стана еден од најпознатите озлогласени лекари на неговата генерација“ а новинарот Брајан Дир повикува да се поднесе кривична пријава против него.

Од друга страна пак, Ендрју Вејкфилд има приврзаници од разни групи низ светот (линк Generation_Rescue ) кои го сметаат за олицетворение на Нелсон Мендела и Исус Христос, а основна агенда им е проповедање на неговото учење и прибирање финансиски средства за поддршка на неговите судски процеси.

На 1 Април 2011 година, на James Randi Educational Foundation му беше доделена Пигасус (линк Pigasus_Award ) наградата за „одбивање да се соочи со реалноста“ (линк articles.latimes.com).

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 5