Важноста на предучилишното образование

560

“Најквалитетните градинки се отвораат према родителите и ги прифаќаат како партнери во заедничките образовни активности на детето, кои заеднички одговорно креираат и го проценуваат успехот на воспитно-образовните програми и настапуваат на политичките и граѓанските форуми во одбрана на правата на децата.

Така тоа го прават во зрело демократско општество, во кое, покрај партнерството развиен е и цел систем на друга помош, како што се активности на различни граѓански организации во донесувањето на важни политички одлуки, кои влијаат на благосостојбата на детето, како што се волонтирањата во воспитно-образовните институции, меѓугенерациското поврзување и друго. Ние во моментов сме само во период на трансформација од социјалистичкото кон такво општество.

Нам нѝ е потребно време да се развие демократската свест на граѓаните и нивната поголема политичка и граѓанска вклученост во борбата против разни несакани појави како што се дрогата, насилствата во семејствата, на улица, во медиумите, поголема свест и одговорност во родителските улоги и построги санкции против кршењето на детските права на сите нивоа.

Тукушто влегуваме во овие ситуации, па како резултат на недоволната информираност и ангажирање на граѓаните, повеќе или помалку уште сме на декларативните залагања во законите и другите нормативни акти, отколку што тие вистински се реализираат во секојдневната образовната практика”, рече Петровиќ-Сочо.

Сепак, заради традиционалното образование, многумина сѐ уште бегаат од заштитата на децата во градинките, инсистирајќи на наследените уверувања дека децата треба да ги воспитува мајката, а не институцијата, Петровиќ-Сочо смета дека друштвото на врсниците, дури и на возраст од една година па натаму, има позитивно влијание врз севкупниот развој и воспитување на децата.

“Добро е што детето поминува дел од денот во друштво на другите деца и воспитувачи, но под услов тоа да се квалитетни јасли. Современиот начин на живот, тоа едноставно го подразбира, а децата се неверојатно флексибилни. И понатаму емоционално се приврзани за мајката и другите членови на семејството, но во исто време ги прифаќаат новите лица, децата и воспитувачите со кои си играат, се дружат, учат и се забавуваат, генерално, без негативни последици врз подоцнежниот социо-емоционален развој” истакнува воспитувачот кој ги едуцира идните кадри за работа во јасли и во градинките.

Подготви педагог Виолета Крстевска Васиќ

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk