Што е вакцина и зошто се појави движењето против вакцинирањето | Сѐ за вакцините

2994

ЕФЕКТИВНОСТ

Вакцините не гарантираат целосна заштита од болест. Понекогаш, имунолошкиот систем на домаќинот не реагира соодветно, или пак, не реагира воопшто. Иако ретко, ова може да се должи на намален имунитет во целина или пак како резултат на отсуството од Б клетки кои се одговорни за генерирање на антителата за тој антиген.

Дури и ако домаќинот развива антитела, имунолошкиот систем не е совршен, па може да се случи, инфекцијата да не ја порази веднаш. Во тој случај, домаќинот ќе ја доживее оваа инфекција како помалку тешка и ќе ја порази побрзо за разлика од организмот кој е без имунизација.

За да се забрза имунолошкиот одговор се користат адјуванси лат. Adiuvare, што значи, помош, да се помогне, линк Adjuvant

Имунолошкиот адјувантс се дефинира како супстанца која има за цел да ја забрза, продолжи или подобри имунолошката реакција, односно, да се зголеми ефектот на вакцината. Постојат многу познати адјуванси кои се во широка употреба, вкучувајќи: масла, соли на алуминиум и вирозоми.

Ефикасноста на вакцината зависи од многу фактори:

-видот на болеста (кај некои видови болести вакцината делува подобро, отколку кај други);

-од видот на вакцината (некои вакцини се за различни видови на болести);

-дали е запазен точниот термин (распоред) за вакцинирање;

-индивидуална реакција (некои поединци не произведуваат антитела иако се вакцинирани правилно)

-други фактори (етничка припадност, возраст или генетски предиспозиции).

Ако се случи вакцинираната индивидуа да заболи од болест од која претходно била вакцинирана, тогаш инфекцијата ќе биде со многу поблаги симптоми.

МНОГУ Е ВАЖНО да се одржува висока стапката на имунизација, дури и кога болеста се јавува ретко, затоа што, евентуалните епидемии кај население без имунизација би довеле до развој и мутации на нови видови вируси.

Како за пример, може да се спомене дека во 1958 година во САД имало 763 094 случаи на мали сипаници од кои 552 завршиле со смрт. Со помош на новите вакцини, бројот на заразени опаднал на помалку од 150 случаи годишно. Така на пример, во 2008 година имало 64 случаи на мали сипаници. Од нив, 54-ца биле поврзани со увоз од други земји; 63-ца од овие 64 лица никогаш не биле вакцинирани, или пак не биле сигурни дали се вакцинирани.

Вакцините придонеле за искоренување на најпознатите заразни и смртоносни болести кои во минатите векови одземале милиони жртви и покосувале цели градови.

Кога огромното мнозинство е вакцинирано, многу е потешко да се појави некоја одредена болест, а уште потешко може да дојде до нејзино ширење. Ова се нарекува КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ (линк Immunization ).

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 3