Што е вакцина и зошто се појави движењето против вакцинирањето | Сѐ за вакцините

2469

ШТЕТАТА КОЈА ЈА НАПРАВИ ВЕЈКФИЛД Е ОГРОМНА

Во исто време, група на кренкови (линк scienceblogs.com ) успеаја да го насочат вниманието од ралични агли врз микроскопската количина на живата во некои од вакцините ( во кои се користи како конзерванс соединението на жива -Тимеросал)(Прочитај повеќе линк). Оваа група предизвика голема паника во Америка и Европа, со приказната дека има “отрови во вакцините”. Поради тоа, производителите беа присилени повеќе да не го користат тој конзерванс и започнаа да користат друг –со што повторно се докажа дека аутизмот не е поврзан со живата.

По сето горе наведеното, движењето против вакцините денес е приближо на исто ниво со креационизмот – никој не може да каже зошто и како, но голем број на родители се убедени дека вакцините предизвикуваат болести кај децата , па затоа некои едноставно одбиваат да си ги вакцинираат своите.

Она што е посебно интересно да се истакне е фактот на масовна појава на надрилекари, шарлатани и кренкови кои продаваат терапии (со кои за жал некогаш и ги убиваат децата). Тие терапии се базираат на дијаметрално различни интерпретации на болестите (на пример, неодамна на некој од сајтовите можеше да се прочита следново: „лекар“ кој лечи аутистични деца им препорачува да избегнуваат млеко и млечни производи, дури и во траги, а покрај него реклама од друг „лекар” кој ги лечи истите тие деца со диета заснована исклучиво на млечни производи.)

Нивото на паника и загриженоста на родителите, надоплнето со омраза кон медицинскиот и здравствениот систем, допринесува за брзо ширење на движењето против вакцините. Тие забрзано ги шират своите пораки, а како резултат на тоа, нивото на вакцинацијата опаѓа.

Многу болести кои практично беа искоренети и непознати со години, сега се враќаат на голема врата и започнаа да убиваат десетици и стотици деца дури и во развиените земји.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.