ИСКОРЕНУВАЊЕ НА ПОЛИОМИЕЛИТИС (линк Poliomyelitis )
Глобалното искоренување на полиомиелитис е целта и напорот на Јавното Здравство да се елиминираат сите случаи на детска парализа (полио) во целиот свет. Глобалните напори започнаа во 1988 г. предводени од Светската Здравствена Организација, УНИЦЕФ и Фондацијата Ротари, со што се намали бројот на годишни дијагностицирани случаи од стотици илјади на 291 случај во 2012, што значи намалување од 99,9% на 3 типа детска парализа, и тоа: последниот заведен случај на тип 2 беше во 1999 г, а последниот евидентиран случај на тип 3 е 11 ноември 2012 г.
Сите пријавени случаи од 11 Ноември 2012 г. биле од типот 1. Ако детската парализа е следната болест која ќе биде искоренета, тогаш таа ќе биде третата на листата, пред која стојат вариолата и чумата. (линк immunization )
ПРОТИВЕЊЕ НА ВАКЦИНАЦИЈАТА
Противење на вакцинацијата постои уште од најраните кампањи за вакцинација (линк Vaccine_controversies ). Ова не е нова работа. Уште во 19 век, серија на кренк памфлети успеаја да го спуштат нивото на вакцинација против големи сипаници под 20 % -а како резултат на тоа иладници луѓе умреа во Англија додека во соседна Ирска немаше жртви, каде нивото на вакцинација беше 80 %.
Но, развојот и ширењето на вакцините против смртоносните болести беше несопирливо зошто луѓето не можеа да заборават на своите погребани деца. Затоа, денес тие болести се искоренети. Нивото на вакцинација секаде е многу високо. Големите сипаници се истребени, а болестите како полиомиелитис и дифтерија се сведени на ендемско присуство во најнеразвиените делови од светот.
Со смена на генерациите и заминување на луѓето кои се сеќавале на тие опасности, започнува да се враќа сомнежот кон вакцините.
Полиомиелитис, болеста која уби и парализира десетина илјади деца, скоро е ерадицирана – но сепак постои во Нигерија, каде јавноста е убедена дека овие вакцини се дел од заговорот на Западот против Исламот и дека всушност, им ги трујат децата. Оттука, денес во Нигерија се развиени нови соеви на овој вирус, кои може да претставуваат закана за целиот свет.
(Ситуација која би требало да биде тажно препознатлива за Србите, Македонците, Хрватите, Босанците. Погледнете ја темата Еволуција вс. Креација на форумот религија, каде некои членови не можат да поверуваат дека може да постои некоја добронамерна иницијатива без да постои некој заговор и финансирање на злите намери. Ова е целосно истиот менталитет.)
Иако придобивките од спречувањето на страдањата и погибелта од сериозни заразни болести во голема мера ги надминуваат ризиците од ретки и несакани ефекти по вакцинирањето, сепак се појавуваат спорови од морален и етичен карактер, а во некои делови од светот и религиозен карактер. Како одговор на загриженоста од страна на некои политички или религиозни групи, започнато е ширење на неосновани информации за медицинските ризици од вакцините, со што се зголемува стапката на опасни по живот инфекции, и тоа не само кај децата чии што родители одбиле да ги вакцинираат, но исто така и кај другите деца кои според возраста не доспеале да бидат вакцинирани. Сето ова би можело да го ослаби КОЛЕКТИВНИОТ ИМУНИТЕТ.
Некои родители веруваат дека вакцината предизвикува аутизам, иако научниот консензус ја отфрли оваа идеја.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 4



















