Раскинувањето на врската е крај на една авантура која може на пократок или подолг рок да ги повреди вашите емоции, особено кога вие не го инициравте крајот на “бајката”.
Најчесто сите кои во себе носат скршено срце се правдаат дека ја оставиле приказната зад нив и не им е гајле за поранешниот партнер. Но, следните неколку причини ќе ве проверат колку сте сигурни во вашите одлуки:
1. Не престанувате да “висите ” на неговиот Facebook.
Го демнете на Facebook и внимателно го читате секој негов статус и коментар, анализирате дали меѓу редови праќа некоја порака до вас, дали можеби планира да ви се врати и кој се му се мота во неговата глава. По ова следува една мисија на анализа на неговите фотографии- листање, коментари, лајкови(влегување по туѓи профили и проверка од каде е новата пријателка, бидејќи му ги знаете сите со име и презиме, сите до еден)
2. Броите колку време бевте среќни заедно.
Анализирате заеднички слики, читате стари пораки, толкувате нови повици…
3. Другарките не ви веруваат дека го преболевте, знаејќи ги сите горенаведени факти.
Ним им е смачено да ве слушаат кој е кривецот и зошто се распаднала врската. Претерано се фалите како не мислите на него, но најавувате како ќе глумите среќна девојка која патем и се разубавел животот откако не се заедно. А кога толку многу зборувате за него, макар и лоши нешта, значи дека љубовните чувства не сте ги напуштиле.
4. Се дотерувате со надеж дека ќе го сретнете и ќе му створите чувство на вина дека ја оставил “најдобрата”.
Петок вечер е, а вие се облекувате во фустанот кој измамуваше најмногу комплименти од него, ја ставате шминката која најмногу го “палеше” со надеж дека ќе го сретнете и ќе го потсетите што изгубил