Потребно
- полуготово тесто за пица
- половина килограм банани
- 3 супени лажички чоколаден крем
- десетина ореви
- масло за готвење
Подготовка
- Премачкајте го дното на кружна тава за печење со малку масло за готвење, ставете го тестото за пица да се пече околу 3-4 минути на 220°C, се додека не почне да се поруменува.
- Откако ќе го извадите од рерната, додека тестото е жешко, со лажица премачкајте го со чоколадниот крем.
- Исечкајте ја бананата на тенки кругови, а оревите на мали парчиња. Распоредете ги бананите и поросете ја пицата со исечкани ореви. Сервирајте веднаш.
- Чинијата во која ја сервирате пицата украсете ја со со шлаг пена или со чоколаден прелив.
- За уште поинтересен изглед, пицата можете да ја поросите со шеќер во прав, кокос или изрендано бело чоколадо



















