Чудни причини за ниско либидо

90

Тоа дека не ви е до секс не значи нужно дека сте престанале да го љубите партнерот или дека страста и привлекувањето се згаснати.

Може едноставно либидото да е намалено од нешто неочекувано.

Ќе се изненадите, но постојат многу околности околу нас кои ja рушат желбата за секс. Кои се неочекуваните од нив?

Мирисот на партнерот

Понекогаш сме привлечени од човек кој има неверојатни квалитети, одличен е во кревет, но мириса лошо или има лош здив. Ова не само што е во можност да го намали либидото, но и да нè откаже од понатамошни односи.

А, според некои истражувачи, феромонитe се виновни за оддалечувањето на сексуалната желба. Ако во почетокот на врската сте биле силно привлечени од партнерот, а по години работите не стојат така, може да се виновни токму феромоните.

Старееме и нивното емитување од телото се намалува. Поради истата причина се намалува и способноста да ги доловиме со органот за мирис. А, феромоните не се каков и да е мирис – тие се уловени од сетилото за мирис, но на потсвесно ниво.

Добрата вест е дека постојат парфеми со феромони, кои би можеле да ви ја вратат привлечноста еден кон друг.

Антибеби пилули

Еден од несаканите ефекти на апчињата антибебе е намалено либидо. Тој не се јавува кај сите жени и во сите околности, но сепак ако пиете слични лекови добро е да се знае дека постои веројатност тие да се виновни.

Продолжува на страна 2