Чудни причини за ниско либидо

1600

Недостатокот на самодоверба

Многу луѓе страдаат од некој вид комплекс во однос на својот изглед и телото. Нормално е да не го сакаме некој дел од себе, но тоа може да се претвори во сериозна интимна пречка.

Некои луѓе толку си го мразат телото кога ќе се погледнат во огледало што престануваат да можат да се соблекуваат голи пред партнерот. И бидејќи сексот е не само физичко искуство, но и емотивно, потсвесно желбата за секс испарува.

Ситуацијата и предметите во домот

Живееме во технолошки свет, во кој за брзо производство на предмети за домаќинството се користат штетни и евтини хемикалии. Така вашите теписи,тапети, кујнски садови, препарати за чистење можат да емитуваат отрови, кои се мешаат во хормоналниот баланс.

А, хормоналниот баланс е кревок механизам кој лесно може да биде нарушен. Заедно со него страда и желбата за секс.

Омиленото кафе

Чудно, но љубителите на кафето може да страдаат од ниско либидо токму заради омилениот црн пијалок.

Тоа е така бидејќи кофеинот провоцира зголемена секреција на хормони на надбубрежните жлезди. Овие хормони го зголемуваат нивото на стрес во организмот, а оттаму сексуалната желба и репродуктивните функции се намалуваат.