Први знаци дека изгубил физички интерес за вас

1272

Колку и да ни се сака, љубовта понекогаш не трае вечно. Од една или друга причина, едниот од партнерите може да изгуби физичка привлечност кон другиот.

Мажите лесно се издаваат кога почнуваат да губат физички интерес кон партнерот. Можете да дознаете дали тоа се случува и со вашиот партнер, ако ги интерпретирате следниве знаци.

Тој почнува да ја губи ерекцијата

Се разбира, ако тоа не е испровоцирано од некаков здравствен проблем, загубата на ерекцијата може да сугерира само едно – недостаток на физички интерес за вас.

Може да звучи навистина страшно, но ако загубата на ерекцијата не е предизвикана од физички или емоционален проблем, тогаш ова само може да значи дека тој веќе не е привлечен од вас физички.

Тој ја претпочита мастурбацијата

Во почетокот не сте сигурни дали навистина мастурбира или едноставно се одолговлекува во бањата. Но, со текот на времето почнувате да го забележувате ова. Навистина е навредливо кога мажот ја преферира сопствената рака наместо вашето галење.

Од друга страна, сите мажи мастурбираат. Дури и оние со исполнети врски. Тоа е во природата. Проблемот доаѓа кога ќе почнат да го прават само тоа, а не пројавувааат желба да имаат секс со вас.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2