Тој не ве допира
Не само допирањето за време на секс е важно. Физичкиот контакт цело време е од значење. Ако партнерот не посегнува дури да ве погали кога минувате покрај него или седите до него, гледајќи телевизија на пример, тоа е лош знак.
Наоѓа свои причини да нема секс со вас
Наоѓање на причини за откажување од секс обично е женски патент. Но, ако мажот ви почнал да прави слични триковии, тогаш е дефинитивно нешто не е во ред. Најверојатно тој или ве изневерува, или изгубил физичка привлечност кон вас.
Се променил и во начинот на кој зборува со вас
Ако претходно сте си разменувале љубовни зборови, сте се нарекувале со мили имиња или прекари, сега веќе неговите обраќања кон вас звучат прилично како д зборува со својата сестра или со некоја девојка. Физичкото го има секогаш и во емоционални настани.
Сака да има секс со вас, само кога е напиен
Кога мажите ќе испијат повеќе, нивната желба за секс автоматски се зголемува. Лошото е, ако вашиот партнер манифестира слична интимно желба само кога е пијан. Ако во останатото време престанува да ви обрнува внимание, тоа е лош знак.
Сè што правите, го лути
Кога човек ќе престане да сака друг човек, но продолжува да живее со него под еден покрив, најчестото што се случува е да настане иритација.
Ако вашиот партнер се иритира и лут на сè што правите и велите, тогаш веројатно загубил не само физичка привлечност кон вас, но и љубов, за жал.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















