Се развел од сопругата на 99 години!

663

Антонио, на кој не му се открива презимето, решил да се разведе од сопругата Роза. Станува збор за 99 годишен старец и 96 годишна старица.

Антонио, за време на Божиќните празници, пребарувајќи по една фиока во комодата, открил неколку љубовни писма. Кога почнал да ги чита се почувствувал како да го ударил гром. Сфатил дека речениците се полни со нежности и дека некој (за него непознат) ги упатил на неговата Роза.

Излегол од собата, отишол кај неговата сопруга, која во тој момент готвела во кујната и ѝрекол да му ја открие нејзината тајна.

Па заради таа кратка љубовна врска која се случила во четириесетите години на минатиот век, Антонио решил да се разведе. Во намерата не го спречиле ниту петте деца, дванаесетте внуци и правнучињата.

Тој се изјаснил дека тоа е посилно од него и дека не може да го прости неверството на сопругата.