Еве што се случува со косата која ја фарбате

394

Експертите за фарбање Никита Вилсон и Елизабет Куанен Филипс објаснуваат како фарбата всушност делува на косата.

Бојата за коса мора да помине неколку препреки пред да ја обои косата.

„Мора да биде сопособна да навлезе во влакното, а првата препрека е кутикулата која ја штити косата. Тоа е како кај кората од дрвото, на сличен начин делува и кутикулата. Затоа, за да бојата влезе во влакното, кутикулата мора да биде подигната. Тогаш на сцена стапува амонијакот. Оваа хемикалија ја зголемува pH вредноста на влакното после што кутикулата се опушта и се подига. Проблемот е во тоа што кога еднаш ќе се промени кутикулата настанува штета, бидејќи природата не е создадена за да се подигнува“, вели Никита Вилсон.

Пероксидот ја уништува моменталната боја на косата

„Кога кутикулата е подигната, следен чекор е боење на косата.
За да ја добиете саканата боја на коса, природната боја мора да биде уништена. Тогаш настапува пероксидот кој го разградува вашиот природен пигмент. Пероксидот дополнително е штетен за косата бидејќи ја суши. Кутикулата кога е подигната а пигментот разграден, вашата коса ќе изгледа како слама“, вели Вилсон.

Потоа на ред е бојата која треба да се развие на косата.

„Кога ќе ја нанесете фарбата на косата, таа навлегува во влакното и се развива. Имајте на ум дека вашата кутикула е подигната додека бојата стои на вашата глава. Колку подлго е кутикулата подигната, толку повеќе слабее влакното. Кога ќе ја измиете косата, кутикулата се спушта, бидејќи бојата е нанесена, но штетата е направена“, објаснува Вилсон.

Алергиските реакции се ретки, но добро е да направите тест

Алергиските реакции на бојата за коса се прилично застрашувачки, но исто така се и прилично ретки.

„Се проценува дека само 4 од милион личности се чувствителни на бојата за коса. Но, алергијата може да се појави, па затоа треба да бидете внимателни“, вели Филипс.

„Малиот процент ризик кој постои ги наведува луѓето да не ја тестираат бојата, но не можеме доволно да објасниме колку многу е важно да се направи тој тест“, додава Елизабет. Таа советува пред секое фарбање да направите тест на фарбата со тоа што мала количина ќе нанесете на внатрешната страна на зглобот од раката кај лактот, или зад увото. Почекајте 24 часа за да видите дали ќе се јави некоја реакција.