Исфрлете го свој бес, ќе ви биде подобро

162

Ризикот за заболување од бројни болести ќе го намалите доколку успеете да го исфрлите целиот свој бес.

Истражувањата спроведени на Универзитетот Тенеси покажале дека жените кои го чуваат бесот во себе, почесто заболуваат од срцеви болести, депресија, дебелина, па дури и рак.

Ако сте агресивец, ниту тоа не е здрав начин на изразување на лутината, бидејќи предизвикува главоболка, тежина и болки во стомакот. Бесот најздраво е да се изрази на рационален начин.

Кога сме лути, под тоа најчесто стои чувството дека некој не ги почитува нашите желби, потреби или слобода на избор.

Доколку успеете без поголеми сцени да го поделите со другите, полесно „ќе дишете“.

Жените се познати по потиснување на бесот кога станува збор за блиски лица, и го изразуваат на заобиколни начини како лутење, лажна блискост или злонамерни забелешки.

Психијатрите препорачуваат

Бесот треба да се научи да се покаже на рацинален начин, за да се зачува психичкото здравје.