Здравото качување килограми може да е мит

1426

Терминот “здраво дебелеење” има стекнато популарност во последните 15 години, но научниците неодамна беа сослушани за неговото постоење.

Истражување објавено во Cell Reports обезбедува дополнителни докази против идејата за здравото дебелеење, откривајќи дека примероците од масно ткиво од луѓето со прекумерна тежина, класифицирани како метаболитички здрави или нездрави всушност се речиси идентични, абнормални промени во генската експресија како одговор на инсулинска стимулација, пишува Science daily.

“Резултатите покажуваат дека енергичните здравствени интервенции можат да бидат потребни за сите дебели индивидуи, дури и оние кои претходно се сметаа за метаболитички здрави. Бидејќи дебелината е основен мотор, поради менување генттската експресија во масното ткиво, ние треба да продолжиме да се фокусираме на спречување на дебелината”, вели Мајкл Риден од Karolinska Institutet.

Дебелината достигна епидемиски размери во светот што се однесува на околу 600 милиони луѓе во светот, и значително го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, мозочен удар, рак и дијабетес тип 2.

Од 1940 година, доказите во поддршка на врската помеѓу дебелината и метаболичките и кардиоваскуларните заболувања е континуирано во пораст. Но во 1970 година и 80-тите години, експерти почнаа да ставаат под прашање колку дебелината го зголемува ризикот за овие нарушувања.

Неодамнешните студии во крајот на 90-тите и почетокот на 2000 година покажуваат дека некои дебели индивидуи покажуваат релативно здрав метаболизам и кардиоваскуларен профил.

Последните пресметки покажуваат дека до 30% од луѓето со прекумерна тежина се метаболитички здрави и затоа може да имаат потреба од помалку интервенции за спречување на компликации поврзани со дебелината.

Белег на метаболитичката дебелината е висока чувствителност на инсулин, кој го стимулира отстранувања на гликоза во клетките, за да се користи за енергија.

Сепак, во моментов нема прифатени критериуми за идентификување на метаболитичко здравствено дебелеење, и дали постои такво нешто или не во моментов, е тема на дебата.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.