Премногу краткиот или премногу долг сон може да влијае врз машката плодност, покажуваат резултатите од истражување.
“Препорачанoто времетраење на ноќниот сон е 7-8 часа рече шефот на истражувањето Лорен Вајз од Институтот за јавно здравје на Бостонскиот универзитет.
Нашиот тим истражи 790 парови и заклучи дека краткиот сон – помалку од 6 часа, и премногу долгиот – 9 и повеќе часа, ноќен сон ја намалуваат веројатноста да се забремени.
Искористувајќи го 8-часовото спиење како репер, откривме дека мажите кои спијат помалку од 6 часа или повеќе од 9 часа ноќе, се со 42 отсто помала веројатност да ја оплодат партнерката. Објаснувањето најверојатно е на хормонално ниво. Експертите по репродуктивно здравје знаат дека тестостеронот е од суштинско значење за размножување и дека поголемиот дел од секојдневното количество тестостерон се лачи за време на спиењето од мажите“.
Во рамките на новата студија сите парови се обиделе да зачнат за не повеќе од 6 менструални циклуси. Паровите одговориле на прашања за спиењето и за потенцијални пречки во него.
Било констатирано и дека мажите кои често имаат пречки во сон, е помалку веројатно да ја оплодат партнерката во споредба со оние чиј сон е мирен.
“Не најдовме причинска врска, но меѓу сонот и плодноста несомнено постои зависност. Таа беше присутна дури откако беа земени предвид возраста на мажите и жените, индексот на телесната маса, зачестеноста на сексуалните акти и други фактори за кои е познато дека влијаат врз плодноста. Можно е лошиот сон да придонесува за нездрав начин на живот, намалување на либидото и сексот“, забележува Вајз.
Резултатите од истражувањето беа претставени на годишната средба на Американското здружение за репродуктивна медицина во Солт Лејк Сити.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















