Дали знаете колку високиот притисок е, всушност, “висок притисок” кој може да ве убие или трајно да ве оштети?

318

СИМПТОМИТЕ НА ТИВКИОТ УБИЕЦ 

Одвојте време, посвете му се на здравјето и обрнете внимание на овие проблеми.

Високиот крвен притисок е познат како тивок убиец чии симптоми тешко на време можат да се идентификуваат.

Некои луѓе со висок крвен притисок симптомите ги игнорираат бидејќи, за овие појави на организмот, не се ни свесни. Високиот притисок се карактеризира со вртоглавица, главоболка, повраќање, гадење и заматен вид, а можат да предизвикаат и отежнато дишење и болки во градите.

Според тврдењата на докторите, едно од затајувањата на органите, кога станува збор за висок крвен притисок е срцевиот удар, а останатите затајувања вклучуваат и нарушувања во функцијата на бубрезите и губење на видот како и болест на артериите. Покрај тоа, тука е и мозочниот удар.

Кога високиот крвен притисок преминува 140 mmHg, може да биде проследен и со гадење и повраќање, но и со знаци кои наликуваат на мозочен удар. Сите тие појави бараат итна интервенција и намалување на истиот со цел да се избегнат сериозни последици за здравјето.

Мора да се има во предвид дека високиот притисок, ниту по години на лекување, па дури и симптомите, многу луѓе не го препознаваат лесно. Сепак, тој предизвикува сериозни здравствени проблеми, па посветете си внимание на своето здравје, ако сте се нашле во приказната.