Зеленчук во тава

149

Потребни состојки

  • 1.2 кг компири
  • 350 гр пашканат
  • 5 моркови
  • 3 парчиња млад кромид
  • 350 гр спанаќ
  • 400 мл вода
  • 40 мл маслиново масло
  • 2 лажички сол
  • 2 лажички црвен пипер
  • 1 лажичка лут буковец (или по желба)
  • 1 лажичка мајчина душица
  • 1/2 лажичка мелен бибер
  • 1/2 лажичка куркума
  • 5-6 лажици соја сос
  • по желба рукола
  • по желба кисело млеко
  1. Компирите, пашканатот, морковите и младиот кромид ситно се сецкаат и се ставаат во тава со капак.

2. Зеленчукот се полева со маслиново масло, се додаваат 300 мл вода, 1 лажичка сол, 1 лажичка црвен пипер, 1 лажичка лут буковец, ½ лажичка мелен бибер, ½ лажичка куркума, 1 лажичка мајчина душица и соја сос и се убаво се меша и се покрива со капак.

3. Тавата се става во претходно загреана рерна на 240 степени и се пече околу 35-40 минути.

4. Во меѓувреме во тава со 100 мл вода се става спанаќот, 1 лажичка сол и 1 лажичка црвен пипер и се готви кратко додека спанаќот не омекне а потоа се трга настрана.

5. После 40-тина минути се вади тавата и внатре се додава спанаќот кој се меша со останатиот зеленчук, а потоа тавата се враќа во рерна и се пече без капак уште 20-25 минути на 200 степени (водата треба да испари).

6. Во чинијата за сервирање по желба врз зеленчукот може да се нароси ситно сецкана рукола и топче кисело млеко.

Извор: Мои рецепти