Ова се пет најлоши и најопасни диети!

411

Сите секогаш бараат брз и едноставен начин на слабеење. Брзите диети лесно не заведуваат со ветувања за брзо губење на вишок килограми, но строгите диети не се разумни ниту пак здрави.

Ви претставуваме пет диети кои се рангирани од можни до екстремни, пишува хрватскиот портал net.hr

1. Диета со цитрони

Потекнува од 1930 година и се уште е популарна. Правилото е едноставно: ако изедете цитрон пред секој оброк, пиете многу вода, ги исфрлите јаглехидратите и јадете лесни белковини, ќе трошите повеќе масти.

Љубителите на оваа диета тврдат дека ако издржите 10 дена може да ослабете до пет килограми. А тоа може да е точно, тврди др. Ерин Палински-Вејд и додава: Оваа диета може да успее поради диуретското делување на цитронот. Исто така, ова овошје е совршена опција ако сакате нешто да ве засити, а со малку калории.

2. Диета со паразити

Диетата е само за најхрабрите и е популарна од почетокот на 20 век. Храбрите пијат таблети со цисти на паразити кои потоа растат внатре во цревата и ја конзумираат храната се додека лицето не ја постигне саканата тежина. Потоа лицето мора да ги уништи паразитите земајќи таблети против нив. – Се работи за многу опасна диета која може да биде и смртоносна. Таа предизвикува недостиг на хранливи материи, а може да дојде и до доживотни компликации: А лицето назад ги враќа сите килограми по уништувањето на паразитите од организмот – потенцира др. Палински-Вејд.

Продолжува на страна 2