Ова се пет најлоши и најопасни диети!

1956

3. Големо чистење, т.е. диета со лимонада

Големо чистење предизвикува диетата на Стенли Бурогс, а на неа се подвргнале познати лица кои се колнат во нејзината ефективност, бидејќи е едноставна и брза. Бидејќи овој еликсир се состои само од вода, сок од лимон, црвен пипер и јавовор сируп, ќе изгубите неколку килограми во облик на наталожена течност, но не за долго, тврди нутриционистот Алис Левин и објаснува: – Веројатно ќе ја вратите цела тежина кога ќе продолжите да јадете цврста храна. Исто така во иднина може потешко ќе слабеење, бидејќи овие никсокалорични диети можат да предизвикаат губење на мускулната маса и да го забават метаболизмот.

4. Диета со храна за бебиња

Идејата на оваа диета е да го замените појадокот и ручекот со мали порции на кашеста храна, а потоа да вечерате нискокалоричен оброк. Ако одберете да не јадете ништо друго освен мали количини на кашеста храна, веројатно ќе ослабете исто како да сте јаделе мали порции од која било храна.

Тоа значи дека фактот дека храната е во кашеста форма не држи никаква вода, туку само се откажувате од уживањето во нормално подготвена храна и долгорочно нема да ја постигнете саканата цел. Поедноставно би било да јадете повеќе овошје и зеленчук, за да го намалите внесувањето на натриумот во организмот.

5. Диета на заспаната убавица

Откако била објавена во позната книга во 1960 година Долината на куклите, а наводно ја сакал и Елвис Присли, оваа диета прераснала во фама која нема врска со паметот. Имено се што треба да направите е толку да се дрогирате со лекови и да преспиете неколку дена и да се разбудите послаби.

Тоа едноставно е прегладнување со нуспојава во облик на атрофија на мускулите, тврди Палински-Вејд. – Не само што нејадењето и непиењето со денови ќе го забави вашиот метаболизам и ќе предизвика дехридрираност, туку и штетата која ќе ја нанесете на сите свои органи со земање на толку лекови, може да биде фатална!